Дали знаете дека минатото на донер ќебапот се потпира до 18-от век?

Првите податоци во врска со донер ќебапот во Анадолија датираат од 1750-тите години и почнале да заземаат место во патешествијата од османлискиот период од 18-от век

1682028
Дали знаете дека минатото на донер ќебапот се потпира до 18-от век?

Дали знаете дека минатото на донер ќебапот се потпира до 18-от век?

Првите податоци во врска со донер ќебапот во Анадолија датираат од 1750-тите години.

Донерот за чие потекло се знае дека е вид ќебап којшто потекнува од Централна Азија, се забележува дека почнал да зазема место во патешествијата од османлискиот период од 18-от век.

Донерот својот денешен изглед го добил со инспирација од вртење на јагне на ражен, додека во некои извори се говори дека војниците на бојното поле месото го печеле со негово забодување на своите сабји и вртење на оган, по што испечениот дел од месото го сечеле со своите ножеви. Во други извори пак, се тврди дека донерот и бил придаден на турската кујна од страна на Искендер Беј во 1850 година во градот Бурса, така што Бурса се прифаќа како родно место на донер ќебапот.

Како што се раскажува, Искендер Ефенди во своето детство јагнињата коишто биле печени во ресторанот на татко му пробал да ги поставува на вертикален ражен. Вертикално поставеното месо, односно ќебапот бил успешен и по изминати долги години го добил името „донер“ (турски збор што значи вртење) и бил познат по тоа име.

Продажбата на донер ќебапот во вид или форма на сендвич низ светот како „фаст-фуд“ односно брза храна, започнала кон крајот на 20-от век.

Донерот денеска е многу сакана и омилена храна којашто се избира за јадење во голем број земји ширум светот.

 

 



Слични вести