Видео објава од Дирекцијата за комуникации годишнината од отворањето на џамијата Аја Софија

Аирлија нека е 1-та годишнина од повторното отворање на џамијата Аја Софија по 86 години

1679607
Видео објава од Дирекцијата за комуникации  годишнината од отворањето на џамијата Аја Софија

Дирекцијата за комуникации при претседателството подготви видео по повод годишнината од отворањето на џамијата Аја Софија Кебир-и Шерифи.

Во објавата што беше споделена преку профилот на Дирекцијата за комуникации на Твитер, беше споделено видео кое беше подготвено по повод првата годишнина од отворањето на џамијата Аја Софија и Кебир-и Шерифи.

На видеото беа прикажани снимки на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од минатогодишното отворање на џамијата за време на петочниот намаз како чита Куран во џамијата.

Во видеото, во кое беа користени и снимки на Аја Софија однадвор и одвнатре, беа објавени и изјавите на граѓаните кои ја посетија џамијата и го изразија копнежот за Аја Софија.

„Воскресението на Аја Софија е симбол на воскреснувањето на нашето цивилизациско сонце чија основа е правда, совест, морал, Аллахово единство (тавхид) и братство, по што копнееше човештвото“, рече претседателот Ердоган.

Во објавата беше упатена честитката: „Аирлија нека е 1-та годишнина од повторното отворање на џамијата Аја Софија по 86 години, аманетот на Султанот Мехмет Втори Освојувачот (кој во 1453 година го освои Истанбул)“.



Слични вести