Дали знаете дека Турција е едната од најмногу избираните земји во здравствениот туризам во светот?

Турција поради нејзината географска и стратешка местоположба, потврдената квалитетна услуга, климата и лесниот пристап, е едната од најизбираните земји во здравствениот туризам

1671968
Дали знаете дека Турција е едната од најмногу избираните земји во здравствениот туризам во светот?

Дали знаете дека Турција е едната од најмногу избираните земји во здравствениот туризам во светот?

Уште од антички времиња луѓето патувале за лекување од различни болести. Со развојот на транспортот, комуникацијата и здравствените технологии, денеска здравствениот туризам е дојден до уште пораспространета состојба.

Така и Турција поради нејзината географска и стратешка местоположба, потврдената квалитетна услуга, климата и лесниот пристап, е едната од најизбираните земји во здравствениот туризам... Ѝ цената на медицинското лекување ѝ цените на хирушките операции во Турција се доста погодни во споредба со голем број европски земји и со другите западни развиени земји.

Кога ќе се направи споредба со европските земји единственото што ја прави привлечна Турција за здравствениот туризам не се само ниските цени. Карактеристиките како што се квалитетната здравствена услуга во високи стандарди, услугите специфични за лица поединци, кусото време за чекање и богатото културно наследство, овозможуваат Турција да се најде на првите места во здравствениот туризам.

Здравствените установи и институции за здравствен туризам треба да  бидат акредитирани од страна на Joint Commission International (JCI), т.е. Меѓународната заедничка комисија.

Во Турција има приближно 45 акредитирани здравствени установи и по ова прашање се наоѓа на второ место во светот.

На чело на градовите во Турција кои се избираат најмногу од страна на меѓународните пациенти се наоѓаат Истанбул, Анкара, Анталија, Измир, Ерзурум и Ван.

На чело на клиничките гранки коишто се најмногу избирани пак, се наоѓаат гинекологијата, офталмологијата, болестите на градите, општата хирургија, интерните болести, ортопедијата и трауматологијата, медицинската онкологија, кардиологијата, гранките за уво-нос-грло и урологијата...

Значаен дел од оние кои ја посетуваат Турција со здравствена цел доаѓаат за естетски или пластични хируршки интервенции, како што се поготово трансплантација на коса, правење на заби и сл.

 



Слични вести