Дали знаете дека „Месир Маџуну“ т.е. „Пастата Месир“ располага со минато од приближно 500 години?

Појавата на „Месир Маџуну“ т.е. „Пастата Месир“ којашто се прифаќа како слатко со лековито својство  се потпира на една историска приказна

1670337
Дали знаете дека „Месир Маџуну“ т.е. „Пастата Месир“ располага со минато од приближно 500 години?
mesir.jpg

Дали знаете дека „Месир Маџуну“ т.е. „Паста Месир“ чиј фестивал се одржува секоја година располага со минато од приближно 500 години?

Појавата на „Месир Маџуну“ т.е. Пастата Месир којашто се прифаќа како слатко со лековито својство  се потпира на една историска приказна.

Мајката на султанот Сулејман Законодавецот (Величествениот), Хавса Султан, се разболела во Маниса од една непозната болест. Како лек за оваа болест лекарот на медресето на џамијата Султан подготвил паста, т.е. вид смеса со мешање на 41 вид растенија и зачини. Оваа лековита паста којашто со нејзиното име „Месир Маџуну“, т.е. „Паста Месир“ пристигнала до денеска за кусо време овозможила Хавса Султан да се стекне наново со своето здравје.

По ова Хавса Султан посакала оваа лековита „Паста Месир“, т.е. „Месир Маџуну“ која овозможила да оздраве, секоја година во неделата Невруз, односно неделата на 21 март да му се раздава на народот. Пастата, т.е. маџунот завиткан во мали парчиња хартија од Џамијата Султан му се фрла на народот. Од тој ден досега секоја година во градот Маниса се одржува фестивал и на насобраниот народ околу џамијата Султан му се раздава „Месир Маџуну“, т.е. „Паста Месир“.

„Месир Маџуну“ се подготвува во правец на традиционални знаења коишто се пренесуваат од поколение на поколение. Содржи растенија и зачини како анасон, црн ким, семки од сенф, кокосов орев, кардамон, црн пипер, каранфилче, ким-кумин, коријандер, караница, шафран, гума за џвакање, цимет, ванила, миризлив пипер, ѓумбир, галангал, кора од портокал, сена, фенел.

Под дејство на сиве овие и уште други ратсенија и зачини „Месир Маџуну“ т.е. „Пастата Месир“ има бројни лековити својства.

Најпрочуеното позитивно дејство, односно лековито својство може да се каже дека е силата, енергијата и моќта коишто ги дава поради мешањето на овие природни зачини.

Освен тоа, „Месир Маџуну“, т.е. „Пастата Месир“делува добро на егзема и некои кожни болести. Поради зачините коишто ги содржи ја лекува кашлицата, го релаксира системот за дишење поради што се користи за лекување на настинка. Поради тоа што некои зачини што ги содржи имаат својство на стишување, лекување на болки, делува добро и на реуматични заболувања.

 



Слични вести