Дали знаете дека првиот медицински факултет во светот е формиран во градот Кајсери во 13-от век?

Медресето и шихафането (болницата) Гевхер Несибе изградени во 1206 година во градот Кајсери се првиот центар во светот којшто вршел услуга на медицинска едукација и здравствени услуги

1659019
Дали знаете дека првиот медицински факултет во светот е формиран во градот Кајсери во 13-от век?

Дали знаете дека првиот медицински факултет во светот е формиран во градот Кајсери во 13-от век?

Медресето и болницата кои како завештание (тестамент) на Гевхер Несибе Султан, ќерката на Киличарслан Втори едниот од селџучките владетели султани, биле изградени во 1206 година од страна на нејзиниот постар брат Гијаседдин Ќејхусрев Први, се првиот центар во светот којшто вршел услуга на медицинска едукација и здравствени услуги.

Гевхер Несибе Султан се заљубила во главниот спахија на Сарајот, но нејзиниот постар брат Гијаседдин Ќејхусрев Први не им дозволил да склучат брак. Гијаседдин Ќејхусрев Први го испратил главниот спахија во војна и станал причина таму да загине. По ова, Гевхер Несибе се разболела и пред да почине му оставила завет на својот постар брат да изгради шифахане т.е. болница во денешна смисла на зборот, кадешто луѓето ќе можат да се лекуваат бесплатно.

Гијаседдин Ќејхусрев Први кој многу се растажил поради смртта на неговата сестра во периодот од 1204 до 1206 година го изградил шифахането т.е. болницата, а во периодот од 1210 до 1214 година медицинското медресе т.е.  училиште или високо образование во тоа време. Во ова шифахане, заедно со одделенија за интерна медицина, хирургија и офталмологија, ментална или душевна болница и одделение за душевни болести, вршела услуга и една аптека. Во ова медресе биле едуцирани и работеле познати турски лекари во тој период.

Шифахането и медресето Гевхер Несибе од страна на Универзитетот Ерџијес во Кајсери се преуредени во музеј и во 1982 година се отворени за посетителите како Музеј за историјата на медицината Гевхер Несибе.

 



Слични вести