Дали знаете дека првиот фериброд во светот е изграден во периодот на Османлиска држава?

Во 1850'тите години, беше формирана фирмата „Ширкет-и Хајријје“ и на жителите на Истанбул почна да им се пружа услуга за поморски транспорт со поголеми парабродови

1655373
Дали знаете дека првиот фериброд во светот е изграден во периодот на Османлиска држава?
DÜNYANIN İLK FERİBOTU 2.jpg

Дали знаете дека првиот фериброд во светот е изграден од страна на Турците во периодот на Османлиската држава?

Транспортот помеѓу двата брега на Истанбулскиот морски теснец (Босфорот) во 1800'тите години се реализираше со едноставни бродови, траекти.

Во 1840’тите години во морскиот теснец (Босфорот) почнаа да пружат услуга мали парабродови. Во 1850“тите години пак, беше формирана фирмата „Ширкет-и Хајријје“ и на жителите на Истанбул почна да им се пружа услуга за поморски транспорт со поголеми парабродови.

Хусејин Хакки Ефенди, едниот од раководителите на фирмата, беше иноватор и долги години размислуваше за изнаоѓање на соодветно решение со коешто ќе беше олеснет транспортот, т.е. превозот низ морскиот теснец (Босфорот), а особено на возилата. Работеа заедно со архитектот на фирмата во текот на една година. Изработија дизајн на параброд којшто може да се движи и напред и назад, со рамна палуба со простор погоден за превоз на луѓе, и од двата краја со капаци. Овој дизајн го испратија во бродоградилиштето во Англија. Англичаните беа импресионирани од овој дизајн.

На парабродот за возила чија изградба траеше приближно 2 години и беше завршена во 1871 година, му беше дадено името  „Сухулет“ што на турски значи „леснотија, олеснување“.

Парабродот „Сухулет“ својата прва пловидба ја реализира во 1872 година помеѓу населбите Ускудар и Кабаташ. Вршеше услуга помеѓу двата брега на Истанбулскиот морски теснец (Босфорот) во текот на 89 години.

 



Слични вести