Дали знаете дека борењето со масло Киркпинар е најстарото спортско натпреварување на светот?

Борењето коешто се смета како спорт на предците на Турците, е и едниот од најстарите спортови во историјата на човештвото

1652736
Дали знаете дека борењето со масло Киркпинар е најстарото спортско натпреварување на светот?

Дали знаете дека борењето со масло Киркпинар се прифаќа како најстаро спортско натпреварување на светот коешто сѐ уште продолжува?

Борењето коешто се смета како спорт на предците на Турците, е и едниот од најстарите спортови во историјата на човештвото. Кога ќе се рече борење во Турција најпрвин на ум доаѓа пеливанското борење со масло Киркпинар.

Борењето со масло е вид на борење на трева во кое борачите т.е. пеливаните се борат облечени во кожени панталони наречени „киспет“ на половината и пачавиците заврзени со врвца и се мачкаат со масло. Овој вид на натпреварување во борење со масло коешто се појавило во 14. век, е најстарото спортско натпреварување на светот коешто сѐ уште продолжува.

Според легендата, борењето со масло Киркпинар започнало со преминот на Турците во Тракија во 1361 година. Натпреварите коишто се одржуваат подолго од 650 години се организираат во месноста Сарајиџи кај градот Едирне.

Борењето со масло Киркпинар продолжува една недела и се одржува кон крајот на јуни и почетокот на јули. Борачот т.е. пеливанот кој станува победник се стекнува со титулата „башпеливан“, го освојува златниот појас и станува сопственик на овој златен појас до следното натпреварување по една година.

Борењето со масло Киркпинар од 2010 година се наоѓа на Списокот на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.



Слични вести