Висечките мостови на Истанбул синоќа беа осветлени во боите на азербејџанското знаме

Синоќа висечките мостови на Истанбулскиот морски теснец, Мостот Фатих Султан Мехмет и Мостот Јавуз Султан Селим, по повод 103-тата годишнина од формирањето и независноста на Република Азербејџан беа остветлени во боите на азербејџанското знаме

1647192
Висечките мостови на Истанбул синоќа беа осветлени во боите на азербејџанското знаме

Во чест и по повод одбележувањето на 103-тата годишнина од формирањето и независноста на Република Азербејџан (28 мај 1918 година), висечките мостови на Истанбулскиот морски теснец, Мостот Фатих Султан Мехмет и Мостот Јавуз Султан Селим, синоќа беа осветлени со сина, црвена и зелена боја, боите на азербејџанското знаме.

Осветлувањето на објектите во Истанбул траеше до наутро, до првите сончеви зраци.

Сината боја на азербејџанското знаме ја претставува припадноста на турската нација, зелената боја исламот, а црвената боја цивилизацијата.

 



Слични вести