ТРТ ворлд форум: „Дигитална дискусија за Случувањата во палестинскиот отпор“

Модератор на сесијата ќе биде Талип Ќучукчан, академик на Оддел за социологија на Универзитетот Мармара

1646240
ТРТ ворлд форум: „Дигитална дискусија за Случувањата во палестинскиот отпор“

На вечерната дигитални дискусии во организација на ТРТ ворлд форум Темата ќе се дискутира за „Случувањата во палестинскиот отпор“.

Гостин на сесијата насловена „Нова ера во палестинскиот отпор? Која ќе се одржи во 20.00 часот ќе биде  Хусам Зомлот, претставник на Палестинската национална управа во Велика Британија. Модератор на сесијата ќе биде Талип Ќучукчан, академик на Оддел за социологија на Универзитетот Мармара и Виш член на Центарот за истражување на ТРТ ворлд форум.

На сесијата, експертите ќе зборуваат за стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Хамас по непропорционалната интервенција на израелските војници врз Палестинците во Источен Ерусалим и Газа која траеше со денови и што ќе се случи во новиот период во Палестинскиот отпор.

Сесијата може да се следи во живо на сметките на ТРТ вордл форум на Јутјуб (@trtwordlforum), Фејсбук (@trtwordlforum), Твитер (@trtwordlforum).

Утре во 18.00 часот гостин  на сесијата „Рефлексија“ под наслов „Кинематографијата и отпорот: „Филмот Местото (The Place)“ во живо на програмата ќе биде Омар Рамал, палестинскиот кинематографер и режисер на филмот „Местото“, кој привлече големо вниманиекај меѓународната заедница.

Интервју разговорот може да се следи на сметката на ТРТ вордл форум на Инстаграм.



Слични вести