Рачно напишаното писмо на Ајнштајн продадено за 1,2 милиони долари

Писмото што Ајнштајн единствениот пример за приватна колекција

1643890
Рачно напишаното писмо на Ајнштајн продадено за 1,2 милиони долари

 

Рачно напишаното писмо на научникот Алберт Ајнштајн во Соединетите Американски Држави (САД) беше продадено за 1,2 милиони долари.

Во соопштението објавено од аукциската куќа RR, која го продаде писмото, беше наведено дека писмото на Ајнштајн што ја содржи формулата E=mc², најпознатата равенка во светот, е продадено по цена 3 пати поголема од очекуваната.

Беше забележано дека писмото што Ајнштајн го испратил на полско-американскиот физичар Лудвик Силберстејн на 26 октомври 1946 година е единствениот пример за приватна колекција.

Равенката E=mc², која за прв пат беше објавена во едно научно списание во 1905 година и ја објаснува еквивалентноста на масата и енергијата во физиката, се прифаќа како основен концепт на модерната физика.

Алберт Ајнштајн, кој се смета и прифаќа за еден од најважните научници во светот, Нобеловата награда за физика ја доби во 1921 година за неговата работа во полето на физиката и математиката.



Слични вести