Дали знаете дека највисоката планина на Турција Агри е домаќин на една религиска легенда?

Планината Агри која со својата надморска височина од 5137 метри е највисоката планина на Турција, воедно поради тоа што по Големиот потоп била домаќин и на Ноевата барка е планина која располага со легендарна специфичност

1644698
Дали знаете дека највисоката планина на Турција Агри е домаќин на една религиска легенда?

Дали знаете дека највисоката планина на Турција Агри е домаќин на една религиска легенда?

Планината Агри која со својата надморска височина од 5137 метри е највисоката планина на Турција, воедно поради тоа што по Големиот потоп била домаќин и на Ноевата барка е планина која располага со легендарна специфичност.

Планината Агри чие име се споменува и во светите книги на различни јазици има различни имиња. Зборот „Урарту“ чиј оригинал на асирски јазик е „Ураутри“ што значи „планинско подрачје, висока земја“, како резултат на неговото погрешно изговарање во еврејската Библија, се преобразил во зборот „Арарат“. Планината Агри денеска кај голем број култури е позната по ова име од асирско потекло.

Верувањето околу тоа дека Ноевата барка била пронајдена на планината Агри, ги принудило голем број лица да се искачуваат на оваа планина.

Првото искачување на планината за којашто Марко Поло вели дека никогаш не може да се искачи на неја, според регистрите е остварено во 1829 година од страна на проф Фредерик фон Парат. Второто зимско искачување пак, е остварено многу подоцна на 21 февруари 1970 година од страна на д-р Бозкурт Ерѓол, еден од поранешните претседатели на Планинарската федерација на Турција.

Планината Агри секоја година се посетува од страна на илјадници планинари од сите страни на светот.



Слични вести