По 87 години, во џамијата Аја Софија Кебир-и Шерифи се клањаше првиот намаз

Првиот намаз за Бајрам го водеше претседателот на Секретаријатот за верски работи, професор доктор Али Ербаш

1638827
По 87 години, во џамијата Аја Софија Кебир-и Шерифи се клањаше првиот намаз
ayasofya namaz.jpg
sentop ayasofya.jpg

 

По 87 години, откако беше претворена во музеј, денес во џамијата Аја Софија Кебир-и Шерифи, која беше отворена за клањање, првпат се клањаше намаз за Рамазан бајрам.

Првиот намаз за Бајрам го водеше претседателот на Секретаријатот за верски работи, професор доктор Али Ербаш.

Поради Ковид-19 за утринскиот намаз во џамијата беа примени ограничен број луѓе, а некои од граѓаните се клањаа во дворот на џамијата и плоштадот.

Мустафа Шентоп, претседателот на Големото национално собрание на Турција и министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисамилоглу, гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја и градоначалникот на општина Фатих, Ергун Туран, бајрамскиот намаз го клањаа во џамијата Аја Софија Кебир-и Шерифи.

По намазот, Шентоп во изјавата за печатот се осврна на израелските напади во Источен Ерусалим и Газа.

„Оваа ситуација, слика го навредува и вознемирува целиот исламски свет кој брои повеќе од 2 милијарди муслимани во светот и за жал ни го трујат празникот“.

Шентоп рече дека светот, особено исламските земји, треба да заземат заеднички став против овие ставови, окупаторски и сурови политики што се против меѓународното право.



Слични вести