По 29 години, прв бајрамски намаз во Шуша

На намазот што се клањаше во историската џамија Горна Ѓовер Ага учествуваа само свештениците.

1638879
По 29 години, прв бајрамски намаз во Шуша

По 29 години, во Шуша, градот симбол на Карабах, кој беше ослободен од ерменската окупација, се клањаше првиот бајрамски намаз.

Поради мерките против новиот тип на коронавирусот, на намазот што се клањаше во историската џамија Горна Ѓовер Ага учествуваа само свештениците.

Првиот намаз за Бајрам што се клањаше во Шуша по период од 29 години, се емитуваше во живо преку националните телевизиски канали на Азербејџан.

Покрај тоа што е симбол на азербејџанската историја и култура, Шуша, кој е стратешки важен заради својата доминантна географска положба во регионот и нејзината локација на патот кон Ханкенди, најголемиот град во Нагорно Карабах, на 8 мај 1992 година беше окупиран од ерменските сили.

Азербејџанската армија, градот Шуша од ерменска окупација го ослободи на 8 ноември 2020 година.



Слични вести