Среќен Ден на мајките

Денеска е Ден на мајките... Доколку сеуште сѐ со нас во живот да не се воздржуваме од покажување на нашата почит и нашата љубов кон нашите мајки

1636754
Среќен Ден на мајките

Денеска целиот свет со многу поголем ентузијазам и воодушевување го доживува Денот на мајките.

Пред нас се наоѓа уште еднаш значајна можност за да би се сетиле уште еднаш, да би ги спомениле уште еднаш нашите мајки кои не носеле 9 месеци во својата утроба, со илјада и една мака не донеле на овој свет и не се воздржувале од ништо за да би не одгледале за да пораснеме здрави, кои не хранеле, воспитувале, поддржувале и сакале незаменливо со целото свое битие.

Доколку сеуште сѐ со нас во живот да не се воздржуваме од покажување на нашата почит и нашата љубов кон нашите мајки. Би било недоволно да ги бакнуваме нивните раце меки како памук.

Денеска е посебен ден и доколку живееме во различни градови или места би можеле во најмала рака да ги побараме да ги прашаме како се, да им кажеме колку многу ги сакаме за сето она што го направиле за нас.

Со честитки до мајките во целиот свет...



Слични вести