Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куран-и Керим се прифаќа како ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“

1636599
Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Вечерва муслиманите ја слават светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која се одбележува на 27-мата ноќ од муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куран-и Керим се прифаќа како честита ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“.

Возвишениот Аллах во сурата Ел Кадр вели: „Куранот, Ние, навистина, почнавме да го објавуваме во ноќта Кадир. А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадир? Ноќта Кадир е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеците (ангелите) и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, поради секаква одлука. Сигурноста е во неа, се до појавата на зората“.

Поради тоа што во рамките на преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се прекинати колективните верски обреди и клањањето во џамиите, муслиманите Ноќта Кадир (Лејлетул Кадир) ќе ја поминат во верски обред (ибадет) и со читање дови (молитви) во своите домови.

 



Слични вести