Честитка од генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен до вработените во радијата на ТРТ

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен испрати порака со честитка до вработените во радијата по повод одблежеувањето на 94. годишнина од почнувањето со емитување на радијата на ТРТ

1635489
Честитка од генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен до вработените во радијата на ТРТ

Радијата на Турската радио и телевизија (ТРТ) слават 94 години од почнувањето со емитување.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен, во испратената порака со честитка до вработените во радијата по повод одблежеувањето на 94. годишнина од почнувањето со емитување на радијата на ТРТ, на овој значаен ден им го честита на вработените во радијата на ТРТ радиоемитувањето коешто продолжува речиси еден век.

Ерен истакна дека работат со сета сила за носење на радијата на ТРТ кон иднината.

„Радиото, со неговата таинственост со којашто секој момент го импресионира човекот и со тоа што ги содржи неговите најинтимни чувства, денеска се уште ја продолжува својата карактеристика на силен мост од традицијата кон иднината и бескраен пат којшто води кон срцата (од срце до срце) .“

Велејќи „Работиме со сета сила за носење на нашите радија кон иднината“, Ибрахим Ерен рече: „Се надевам дека и нашата дигитална платформа „Слушај ТРТ“ којашто ќе ја промовираме во блиско време, ќе им придаде сила на нашите радија.“

Привлекувајќи внимание дека како Турска радио и телевизија (ТРТ) се свесни за драгоценоста на радиото, Ибрахим Ерен им се заблагодари одделно на спикерите, продуцентите, радио интерпретсторите на ТРТ и на сите свои колеги радио работници кои и покрај тешкотиите во процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжуваат да работат со голема самопожртвуваност. 

 



Слични вести