Документарна серија од ТРТ ворлд за Сириските затворенички и бегството од измачувањата

Во епизодата на серијалот се прикажани приказните за ослободување и новите животи на жените кои биле измачувани во затворите на Башар Асад

1632864
Документарна серија од ТРТ ворлд за Сириските затворенички и бегството од измачувањата

 

Серијата наградени документарни филмови на ТРТ Ворлд „Off the Grid“ (Надвор од решетките) пред публиката ќе се појави со епизодата „Сириските затворенички: Бегство од измачувањата“.

Според соопштението на Турската радио телевизиска корпорација (ТРТ), меѓународната платформа за вести во Турција ТРТ ворлд продолжува да ги пренесува приказните за угнетените луѓе под тешки животни услови низ целиот свет.

Наградуваната документарна серија на каналот „Надвор од решетките“ се фокусираше на тортурата и драмата во сириските затвори.

Во документарниот филм „Сириските затворенички: Бегство од измачувањата“, која специјално беше подготвена за 10-годишнината од граѓанската војна во Сирија, се прикажани приказните за ослободување и новите животи на жените кои биле измачувани во затворите на Башар Асад.

Во интервјуата за ТРТ Свет, она што го кажаа жените, открива како војната им зацрни милиони животи.

Епизодата од документарниот серијал „Надвор од решетките“ „Сириските затворенички: Бегство од измачувањето“ ќе се емитува на 5 мај, среда во 16.30 часот по турско време на брановите на ТРТ ворлд.



Слични вести