Дали знаете дека цвеќето „Сина ѕвезда“ е ставено под заштита со Договорот од Берн?

Цвеќето „Сина ѕвезда“ во населеното место Тонја кај градот Трабзон во Црноморската област на Турција успева на надморска височина од приближно 1.300 метри и секоја пролет ја покрива висорамнината Кадиралик во виолетова боја

1632713
Дали знаете дека цвеќето „Сина ѕвезда“ е ставено под заштита со Договорот од Берн?

Дали знаете дека цвеќето „Сина ѕвезда“ коешто во текот на целата година се покажува себе си само во текот нa две недели, е ставено под заштита со Договорот од Берн?

Цвеќето „Сина ѕвезда“ во населеното место Тонја кај градот Трабзон во Црноморската област на Турција успева на надморска височина од приближно 1.300 метри и секоја пролет ја покрива висорамнината Кадиралик во виолетова боја. Ова ретко цвеќе коешто навистина личи на сина ѕвезда, за жал се наоѓа меѓу растенијата чиј вид е пред истребување.

Висорамнината на која што успева цвеќето „Сина ѕвезда“ кое има тенки долги лисја и е ставено под заштита со Меѓународниот Договор од Берн, е преуредена во Природен парк. Восорамнината чии четири страни се покриени со смреки напролет целата се преобразува во виолетова боја и тоа создава една неприкосновена, единствена глетка.

Оваа извонредна панорама на висорамнината ги привлекува кон подрачјето особено љубителите на природата и фотографите.



Слични вести