Портретот на Сулејман Величествениот подарен на Градската заедница на Истанбул

Портретот на Сулејман Величествениот бил направен од страна на италијанскиот сликар Кристофано Дел Алтисимо во 16 век

1632520
Портретот на Сулејман Величествениот подарен на Градската заедница на Истанбул

Портретот на Сулејман Величествениот, кој беше продаден за 350 илјади фунти на аукцијата што ја одржа аукциската куќа „Сотби“ во Англија, од страна на купувачот беше отстапена на Градската заедница на Истабул (ИББ).

Според соопштението на Градската заедница на Истанбул, портретот, кој беше продаден на аукцијата под наслов „Исламскиот свет и индиската уметност“ одржана на 31 март, се планира да биде донесен во Истанбул во рок од 15 дена.

Според претпоставките, портретот на Сулејман Величествениот, за кој се вели дека од 19 век припаѓаше на едно француско семејство, италијанскиот сликар Кристофано Дел Алтисимо го направил во 16 век.

Портретот, кој на продажба на аукцијата беше понуден од 60 илјади фунти, беше купен за 350 илјади фунти од страна на еден купувач кој сакаше да остане анонимен.

Градската заедница на Истанбул од истата аукција ги купи ракописите на сурата Зуруф која датира од пред 1200 години и 1100 годишната Сура ал-Маида како и страниците на Куранот стари 700 години, Месневијата и Ибтиданамето (писмата) на Бахаедин Велед.



Слични вести