Две сесии од „ТРТ Ворлд Форум“ посветени на 10-годишнината од доаѓањето на Сиријците во Турција

Денеска и утре од страна на „ТРТ Ворлд Форум“ ќе се одржат две сесии посветени на 10-годишнината од доаѓањето на Сиријците во Турција

1630856
Две сесии од „ТРТ Ворлд Форум“ посветени на 10-годишнината од доаѓањето на Сиријците во Турција

Од страна на „ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) денеска и утре по повод 10-годишнината од граѓанската војна во Сирија ќе се одржат две сесии на кои ќе се разговара за Сиријците кои го продолжуваат својот живот во Турција.

Според објавеното соопштение од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ), Турција 10 години како им ја отвора својата прегратка на Сиријците кои по граѓанската војна во нивната земја којашто започна во 2011 година беа принудени да ги напуштат своите родни места.

Во тие рамки, на разговорот „Рефлексија“ што ќе се одржи од страна на ТРТ Ворлд Форум денеска под насловот „По изминати 10 години: Сириските бегалци во Турција“ ќе биде гостинка Хасиба Аммар, бизнисменка која бегајќи од војната дошла во Турција, поради војната ги оставила своите студии во сферата на нуклеарната физика и започнала нов живот во Турција.

Разговорот ќе се емитува дебесха во 15:00 часот по турско време и ќе може да се следи во живо преку профилот на ТРТ Ворлд Форум на социјалната медија Инстаграм.

Гостин на сесијата под наслов „10-годишнината од сириските бегалци во Турција“ што ќе се одржи утре во 17:00 часот по турско време ќе биде Илаш Суната, основачкиот директор на Центарот за студии за миграција и град при Универзитетот Бахчешехир.

Модератор на сесијата ќе биде професорот на катедрата за социологија при Универзитетот Мармара и искусниот член на Центарот за истражување на ТРТ Ворлд Талип Ќучукџан.

Сесијата ќе може да се следи во живо на профилите на „ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) преку социјалните медиуми, на Јутјуб (@trtwordlforum), Фејсбук (@trtwordlforum) и Твитер (@trtwordlforum).

Во делот за прашања и одговори гледачите ќе можат да им поставуваат прашања на гостите-излагачи.

 



Слични вести