Дали знаете дека 23 април Празникот на детето од 1979 година е празник на децата во целиот свет?

Овој смисловен и важен празник којшто Мустафа Кемал Ататурк им го подари на турските деца, се има за цел да ги развие врските за љубов и пријателство и меѓу децата во светот, како и да придонесе за формирање на свет во кој сите луѓе ќе живеат во мир

1629547
Дали знаете дека 23 април Празникот на детето од 1979 година е празник на децата во целиот свет?

Дали знаете дека 23 април Празникот на детето од 1979 година е празник на децата во целиот свет?

Овој смисловен и важен празник којшто Мустафа Кемал Ататурк им го подари на турските деца, има за цел да ги развие врските за љубов и пријателство и меѓу децата во светот, како и да придонесе за формирање на свет во кој сите луѓе ќе живеат во мир.

Датумот 23 април, како датум на отворање на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во 1920 година, на барање на Ататурк кој вели „Вие сите сте ружа, ѕвезда на иднината, сјај на радоста!“, почнувајќи од 1929 година се слави како Празник на детето.

23 април како прв и единствен празник со којшто располагаат децата во светот во 1979 година од страна на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) беше прогласен за „Година на детето“ и со тоа се стекна со меѓународно реноме.

23 април Меѓународниот фестивал на детето којшто почнувајќи од таа година т.е. од 1979 година се организира од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ), е дојден во состојба на традиција во чии рамки турските деца се сплотуваат (здружуваат) со децата кои доаѓаат од различни континенти и земји, како и ден кога заедно се слави овој убав празник.



Слични вести