Бројот на децата во Турција изнесува 22 милиони 750 илјади 657

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека бројот на децата во Турција изнесува 22 милиони 750 илјади 657, што претставува 27,2 отсто од целокупното население на земјата

1624903
Бројот на децата во Турција изнесува 22 милиони 750 илјади 657

Бројот на децата во Турција, заклучно со крајот на минатата (2020) година изнесува 22 милиони 750 илјади 657, или изразено во проценти 27,2 отсто од целокупното население кое брои 83 милиони 614 илјади 362 лица.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти статистичките податоци за децата во 2020 година.

Според резултатите од Состемот за регисѕрирање на основа на адреса на живеење, вкупниот број на населението на Турција заклучно со крајот на минатата (2020) година изнесува 83 милиони 614 илјади 362 лица од кои бројот на децата е регистриран како 22 милиони 750 илјади 657.

Кога ќе се анализира процентот на детската популација на 27 земји членки на Европската унија (ЕУ), просекот на процентот на детското население во 2020 година во ЕУ изнесува 18,2 отсто. 

Земји кои располагаат со најголем процент на детско население во земјите членки на Европската унија (ЕУ), редум се Ирска со 24,2 отсто, Франција со 21,6 отсто и Шведска со 21,1 отсто.

Земји во кои пак процентот на детското население е најнизок редум се Италија сон 15,8 отсто, Малта со 15, 9 отсто и Германија со 16,4 отсто.

Процентот на детското население на Турција пак изнесува 27,2 отсто што е повеќе од земјите членки во Европската унија (ЕУ). 

Во меѓувреме, најпопуларни и најмногу дадени имиња на новородени машки бебиња во Турција во минатата (2020) година се Јусуф, Ејмен и Мустафа, додека најпопуларни дадени имиња на новородени женски бебиња се Зејнеп, Асел и Елиф.

Најмногу дадени машки имиња на децата во возрасната група 0-17 години се Јусуф, Мустафа и Демир, а на женски деца Зејнеп, Елиф и Тулин.

 



Слични вести