Дали знаете дека првиот споменик на Ататурк во САД е откриен на 10 ноември 2013 година?

Првиот споменик на Ататурк изграден на простор отворен за јавноста во САД е откриен на едниот од најпознатите плоштади на Вашингтон, Шеридан Сиркл, на 10 ноември 2013 година на одбележувањето на 75. годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

1623919
Дали знаете дека првиот споменик на Ататурк во САД е откриен на 10 ноември 2013 година?

Дали знаете дека првиот споменик на Ататурк на простор отворен за јавноста во Соединетите Американски Држави (САД) се наоѓа во главниот град Вашингтон?

Откривањето на првиот споменик на Ататурк изграден на простор отворен за јавноста во САД е одржано на едниот од најпознатите плоштади на Вашингтон, Шеридан Сиркл, на 10 ноември 2013 година на одбележувањето на 75. годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк.

По еден долг и тежок процес за добивање дозвола, Амбасадата на Турција во САД и Американската заедница Ататурк организираа натпревар за дизајните на споменикот.

За победник на натпреварот е прогласен скулпторот Џефри Хал. Џефри Хал кој и немал поголеми знаења во врска со Ататурк, гледал и разгледал стотици фотографии и дури стари филмови со општиот став и начинот на однесување на Ататурк, со што бил запознат со неговиот величествен став, изглед и начин на однесување.

Споменикот чија изградба била завршена како резултат на 6 месечна подготовка, го презентира изгледот на Ататурк на крајот на неговите 40 години, со книга во раката.

Споменикот во целост ја нагласува лидерската улога на Ататурк. На книгата којашто ја држи во својата рака, пишува „Нутук“ (Говор).

Споменикот на Ататурк кој се наоѓа во маалото Ембаси Рав во Вашингтон Д.Ц. на просторот отворен за јавноста пред резиденцијата на турската Амбасада, е од најпривлечните места за посета за туристите меѓу некаде околу 75 конзуларни и амбасадорски резиденции.

 



Слични вести