Лукот од Ташќопру и белиот нектарин од Бајрамич регистрирани со географска ознака кај ЕУ

Лукот од Ташќопру кај Кастамону и белиот нектарин од Бајрамич кај Чанаккале се внесени во списокот на производи со регистрирана географска ознака на Европската унија (ЕУ)

1623093
Лукот од Ташќопру и белиот нектарин од Бајрамич регистрирани со географска ознака кај ЕУ

Лукот од Ташќопру („Taşköprü Sarımsağı“) кај градот Кастамону и нектаринот-праската т.н. белка од Бајрамич („Bayramiç Beyazı“) кај градот Чанаккале се регистрирани со географска ознака (за потекло на производот) кај Европската унија (ЕУ).

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Светски познатиот лук од Ташќопру т.н. 'бело злато', доби географска ознака од Европската унија (ЕУ). Им честитам на сите кои имаат заслуга за тоа.“

Заедно со лукот од Ташќопру во списокот на производи со регистрирана географска ознака на Европската унија (ЕУ) влезе и белиот нектарин од Бајрамич.

На тој начин бројот на производите на Турција регистрирани со географска ознака на ЕУ се зголеми на 7.

Лукот од Ташќопру и белиот нектарин од Бајрамич се ставени под заштита од страна на Европската унија (ЕУ) против нивна емитација и конотација.

Овие производи ќе можат да се произведуваат во релевантните области со методи коишто се внесени во регистрираните документи и спецификациите на производите.

Заедно со овие два производи на списокот на Европската унија (ЕУ) со производи регистрирани со географска ознака (потекло на производот) од Турција се регистрирани 7 производи и тоа „антепската баклава/баклавата од Газиантеп“, „смоквите од Ајдин“, „кајсиите од Малатја“, „костените од Ајдин“, „маслиновото масло од Милас“ „лукот од Ташќопру“ и „белиот нектарин т.н. белка од Бајрамич“.

 



Слични вести