Утре почнува муслиманскиот месец на постот Рамазан

За првиот суфур (сахур) ќе се станува ноќва, а утре вечер ќе се отвори постот (оруџот) со првиот ифтар (ифтарската вечера)

1619467
Утре почнува муслиманскиот месец на постот Рамазан

Исламскиот свет, почнувајќи од утре (13 април, 2021) во текот на еден месец ќе го одбележи муслиманскиот месец на постот Рамазан кој е познат и како Султан на 11'те месеци и се оценува како месец на спокојството и берикетот.

За првиот суфур (сахур) ќе се станува ноќва, а утре вечер ќе се отвори постот (оруџот) со првиот ифтар (ифтарската вечера). 

Исто како и минатата година и оваа одина муслиманнскиот месец на постот Рамазан ќе помине под сенката на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Намазите теравија поради преземните мерки во борбата против епидемијата, наместо во џамиите ќе се клањаат дома.

Светата муслиманска книга Куран-и Керим почнала да се објавува во овој месец, поради што месецот Рамазан се нарекува и месец на Куранот.

Муслиманите припадници на исламската религија за да ја добијат милоста на Севишниот, во текот на денот, од изгрејсонце до зајдисонце ќе постат, нема да јадат и да конзумираат ништо.

По домовите ќе се подготвуваат ифтарски вечери на крајот на постот и сахури пред да почне дневниот пост, коишто се специфични за месецот на постот Рамаза. 

Му го честитаме месецот на муслиманскиот пост Рамазан на целиот исламски свет и по повод овој месец посакуваме да бидат прифатени покајувањата (тевбите) за сторените гревови.

 



Слични вести