Под Сарајот Топкапи откриена галерија од Римскиот период

Галеријата која се состои од 3 дела, се претпоставува дека е подземен резервоар (цистерна) за собирање вода од дожд

1618167
Под Сарајот Топкапи откриена галерија од Римскиот период

Во рамките на подземните истражувања во Сарајот Топкапи во Истанбул откриена галерија од Римскиот период.

Галеријата која се состои од 3 дела, се претпоставува дека е подземен резервоар (цистерна) за собирање вода од дожд.

Продолжува испитувањето и истражувачката работа на остатоците пронајдени во рамките на проектот за проширување на просторот за посета на сарајот.

Професор доктор Ахмет Чапоглу, потпретседател на Истанбулската управа за национални сараи рече дека галеријата ќе биде отворена за посетители кога ќе завршат пејзажните работи.

„Не можеме директно да кажеме дека станува збор за резервоар (цистерна). Но, може да има други подземни патишта, галерии или други згради кои се поврзани со цистерната. Кога ќе го погледнеме објектот, можеме да кажеме дека станува збор за археолошки наод од римскиот период“.



Слични вести