Филмот „Муаллим“ доби 5 награди на меѓународниот филмски фестивал „American Golden Picture“

Филмот „Муаллим“ (Учител) во копродукција на Турската радио и телевизија (ТРТ) и Министерството за култура и туризам, доби 5 награди на меѓународниот филмски фестивал „American Golden Picture“

1616315
Филмот „Муаллим“ доби 5 награди на меѓународниот филмски фестивал „American Golden Picture“

Филмот „Муаллим“ (Учител) во режија на Муслим Шахин доби 5 награди меѓу кои и наградите за најдобар филм и најдобар режисер на меѓународниот филмски фестивал „American Golden Picture“. 

Во филмот се раскажува за учителот Али кој по универзитетското образование во Франција во почетокот на 20. век каде студирал инженерство се враќа во Анадолија и овде се соочува со своите вредности.

Продуцентот на филмот Халит Арабаџи истакна дека многу се радосни поради постигнатиот успех на првиот меѓународен филмски фестивал на кој учествуваат.

Режисерот на филмот „Муаллим“ (Учител) Муслим Шахин пак, рече:  „Муаллим, ја обработува темата поларизација која влијае на политиката, економијата и нашиот културен живот и која воедно е дојдена во положба на извор на голем број структурални проблеми, до тоа како реагираат луѓето пред настаните.“

Филмот „Муаллим“ (Учител) во копродукција на Турската радио и телевизија (ТРТ) и Министерството за култура и туризам, е првиот долгометражен филм на режисерот Мислим Шахин кој во Турција студирал кинематографија, а во Соединетите Американски Држави (САД) добил образование за режисер.

 



Слични вести