Дали знаете дека Турција е земја која во 2020 година освои најголем број медали на Балканот?

Турските атлетичари на Балканските првенства во категориите по возрасни групи во атлетизам освоија 123 медали

1614801
Дали знаете дека Турција е земја која во 2020 година освои најголем број медали на Балканот?

Дали знаете дека Турција е земја која во 2020 година освои најголем број медали на Балканот? 

Турските атлетичари на Балканските првенства во категориите по возрасни групи во атлетизам освоија 123 медали. Со тоа Турција стана земја со најголем број освоени медали на Балканот. Иако поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во 2020 година беа одржани ограничен број натпревари во сезоната на салонски натпревари и натпревари на отворено се повторени 43 рекорди на Турција. Во категоријата за возрасни е соборен рекорд на Турција во седум одделни категории.

Атлетичарот Берке Акчам, едниот од најталентираните спортисти на Турција на 400 метри со препреки, го постигна најдобриот резултат во светот во оваа категорија, додека атлетичарката Јасемин Џан на Светското првенство во полумаратон го освои првото седмо место за Турција во светот.

Друга спортска гранка во која Турција постигна резултат во 2020 година беше одбојката. Турската женска одбојкарска репрезентација на финалниот натпревар од европските квалификации на Европската одбојкарска конфедерација ЦЕВ за Олимписките игри Токио 2020, ја победи Германија и по втор пат во својата историја се стекна со право за учество на олимписките игри.



Слични вести