Претседателот на Казахстан Токајев: „Предлагам да се формира заедничка економска зона“

Нашата цел е турскиот свет да го трансформираме во важен економски и хуманитарен регион во 21 век

1612567
Претседателот на Казахстан Токајев: „Предлагам да се формира заедничка економска зона“

Претседателот на Казахстан Касим Џомерт Токаев рече:

„Предлагам да се формира Заедничка економска зона на турските држави во Туркистан“.

Токаев одржа говор на Неформалниот самит на шефовите на држави на Турскиот совет, кој поради новиот тип на епидемија на коронавирус (Ковид-19) се одржа преку видеоконференција.

Привлекувајќи внимание на важноста на студиите за турска интеграција остварени во рамките на Турскиот совет, Токаев рече:

„Нашата цел е турскиот свет да го трансформираме во важен економски и хуманитарен регион во 21 век“.

Токаев подвлече дека самитот се одржа под наслов „Туркистан, духовната престолнина на турскиот свет“ и додаде дека „Туркистан, кој одигра водечка улога во ширењето на турско-исламската цивилизација, треба заедно да му го претставиме на целиот свет“.

Споделувајќи ја информацијата дека минатата година, како резултат на епидемијата „Ковид-19“, обемот на трговијата на Казахстан со туркофонските  земји се намалил за 11,2 отсто, Токаев рече:

„Древниот град Туркестан, кој се наоѓа на трасата на историскиот Пат на свилата и започна да заживува, има голем потенцијал во областа на транспортот. Предлагам формирање на Заедничката економска зона на турските држави во Туркистан“.

Претседателот на Казахстан Токаев исто така предложи Турскиот инвестициски фонд, кој ќе биде првата заедничка финансиска установа на турскиот свет, да дејствува во Меѓународниот финансиски центар Астана.

Истакнувајќи дека треба да се формира „Фонд за образование на Големите Турци“ во областа на образованието, Токаев рече дека тие се подготвени да дадат стипендии за 50 студенти од турските држави кои сакаат да се стекнат со факултетско образование на додипломски студии на Меѓународниот универзитет во Хоџа Ахмет Јесеви.



Слични вести