Дали знаете дека Невруз е едната од најстарите турски традиции коишто пристигнале до денеска?

Невруз (предвесникот на пролетта) макар и на различни начини во секој период низ историјата, е едниот од најстарите празници на Турците којшто продолжува да се слави

1611060
Дали знаете дека Невруз е едната од најстарите турски традиции коишто пристигнале до денеска?

Дали знаете дека Невруз е едната од најстарите турски традиции коишто пристигнале до денеска? 

Невруз (предвесникот на пролетта) макар и на различни начини во секој период низ историјата, е едниот од најстарите празници на Турците којшто продолжува да се слави.

Невруз, во турската култура значи раѓање, воскресение, заживување. Истовремено се смета за почеток и на пролетта. Друго име на прославите на Невруз е и „Празник Ергенекон“. Ова име од минатото до денеска сеуште ја зачувува својата живост меѓу турските племиња.

Невруз, од Централна Азија пристигнал до околината на Орхун, до Алтајските планини, а оттаму со движењето на хунските Турци кон Европа пристигнал до Унгарија и на Балканот. Во 9. век од југот на Каспиското Море се преселил во Анадолија и Месопотамија со што пристигнал во една уште поширока географија.

Турците, и покрај тоа што низ историјата живееле на различни простори, и покрај тоа што имале различни верувања, секогаш го славеле Невруз.

Заедно со прогласувањето на Републиката, Невруз секоја година почна да се слави со уште пошироко учество и со поголем ентузијазам, поради што ќе продолжи да е заедничка вредност на турскиот свет и во иднина.



Слични вести