Утре вечер муслиманите ќе ја одбележат светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

Според исламското верување „берат“ значи прочистување од гревовите, духовно исчистување и обновување, божјо помилување и добивање милост

1609012
Утре вечер муслиманите ќе ја одбележат светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

Утре вечер муслиманите ќе ја одбележат светата ноќ Берат (Лејлетул Берат) која се смета за предвесник на месецот на постот Рамазан.

Светата ноќ Берат, односно Лејлетул Берат се совпаѓа со 15-сетата ноќ на вториот месец Шабан од периодот на трите свети месеци кои што почнуваат на 13 февруари.  

Според исламското верување „берат“ значи прочистување од гревовите, духовно исчистување и обновување, божјо помилување и добивање милост. 

Како што се вели муслиманскиот божји партеник Хазрети Мухамед с.а.в.с. вака заповедал: 

„Ноќта 15-от ден од месецот Шабан поминете ја со ибадет, а дење постете. Бидејќи Великиот Аллах оваа ноќ се појавува со неговата милост на небото и заповеда: Нема ли некој да се покае да направи тевбе, да му го прифатам покајувањето, тевбето. Нема ли некој да побара храна, да му дадам храна. Нема ли некој да побара здравје, да му дадам здравје. Нема ли некој да побара нешто, да му го дадам она што сака.“

Светата ноќ Берат, односно Лејлетул Берат се одбележува уште и како ноќ во која Мелеките (Ангелите) започнуваат да ја пишуваат судбината на човештвото, како и за секој поединечно за претстојната година.

Исто така е позната уште и како ноќ на простувањето, судбината и желбите и ноќ во која Аллах со посебна милост гледа кон нас и им простува на сите, освен на оние на кои срцата им се полни со омраза и непочитување кон другите.

Турската радио и телевизија (ТРТ) по повод светата ноќ Берат (Лејлетул Берат) утре вечер во 22:00 часот по турско време ќе се емитува специјана програма на екраните на телевизискиот канал ТРТ 1.

 



Слични вести