Дали знаете дека на еден рид во Ејуп во Истанбул му е дадено името на францускиот писател Пјер Лоти?

Познатиот француски романописец Пјер Лоти кој е роден во 1850, а починал во 1923 година, бил многу импресиониран од Истанбул и од Османлиската култура, безброј пати дошол и долго време живеел во Истанбул

1607241
Дали знаете дека на еден рид во Ејуп во Истанбул му е дадено името на францускиот писател Пјер Лоти?

Дали знаете дека на еден рид во квартот Ејуп во Истанбул му е дадено името на францускиот писател Пјер Лоти? 

Познатиот француски романописец Пјер Лоти кој е роден во 1850, а починал во 1923 година, бил многу импресиониран од Истанбул и од османлиската култура, безброј пати дошол и долго време живеел во Истанбул. При второто доаѓање во Истанбул се запознал со жената по која му го дал името и на својот роман „Азијаде“ во кој раскажува за Турција во османлискиот период.

Пјер Лоти го засакал квартот Ејуп со неговите верски објекти/простори, гробиштата и поради тоа што е област значајна по нејзините природни убавини и како старо населено место. Често одел во чајџилницата која се наоѓа на падините на Ејуп и од каде се гледа целиот Халич т.е. Златниот рог одозгора, со извонредна панорамска глетка. Таму седел со часови, разговарал со луѓето. Оваа чајџилница која денеска го привлекува големото интересирање на домашните и странските туристи, е позната по името Кафе Пјер Лоти, а ридот на којшто се наоѓа е познат како Ридот Пјер Лоти.   



Слични вести