Портретот на османлискиот Сулејман законодавецот на аукција во Англија

Аукциската куќа „Сотебис“ во Англија соошти дека на 31 март ќе понуди на лицитација некои уметнички дела во врска со исламскиот свет и Индија меѓу кои се наоѓа и портретот на османилскиот султан Сулејман законодавецот (величествениот)

1606367
Портретот на османлискиот Сулејман законодавецот на аукција во Англија

Портретот на османлискиот султан Сулејман законодавецот-величествениот(1520-1566) ќе биде продаден на лицитација во Англија.

Аукциската куќа „Сотебис“ во Англија соошти дека на 31 март ќе понуди на лицитација некои уметнички дела во врска со исламскиот свет и Индија меѓу кои се наоѓа и портретот на османилскиот султан Сулејман законодавецот (величествениот).

Во објавениот каталог во врска со аукцијата се истакнува дека меѓу 183  предмети кои ќе бидат понудени на продажба се наоѓа и портретот на султанот Сулејман законодавецот (величествениот) за којшто се мисли дека е изработен во 16. век.

Во каталогот се вели дека портретот изработен од страна на италијанскиот уметник Кристофано дел Алтисимо, тогаш кога различно од сличните бил насликан на бакарна плоча османлискиот султан Сулејман законодавецот имал 43 години и дека овој период се совпаѓа со времето кога Османлиската Империја ги освои Ирак и Иран и ги порази војските на Папата и неговите сојузници на Поморската битка кај Превеза.

Портретот за којшто се мисли дека ќе држи светло и на уметничката размена помеѓу Османлиската Империја и Венецијанците во тоа време, од 19. век се наоѓа во приватната колекција на едно француско семејство и ќе биде понуден на аукција со цена од 60 илјади до 80 илјади фунти.



Слични вести