Во Северна Македонија започна курс по традиционално турско стрелаштво

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје Серхат Кула информира дека курсевите по традиционално турско стрелаштво ќе се водат од страна на 9 инструктори за стрелање и ќе траат 2 месеци

1605064
Во Северна Македонија започна курс по традиционално турско стрелаштво

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје од страна на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ или YEE) е започнат курс по традиционално турско стрелаштво.

Свечената програма за отворање на курсот со цел да се обезбеди младите генерации да се запознаат со традиционалното турско стрелаштво и да се здобијат со една поразлична способност и вештина, се одржа во „Куршунлу Ан“ во Скопје.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје Серхат Кула истакна дека како институт во согласност со протоколот потпишан со турската Фондацијата за стрелачи од 2015 години продолжуваат обуките за стрелаштво, изложбите за културата на стрелаштвото и промовирањето, како и академското истражување на историјата за стрелаштвото.

Велејќи дека долго време како со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ во Северна Македонија се дава обука по стрелаштво, Кула рече: „На почетокот ќе имаме две активности, во два града, во Скопје и во Гостивар. Тоа ќе бидат во посебни групи. Првата група се возрасни, мажи. Втората група се возрасни, жени и тратата група се деца. Досега вкупно добивме приближно 150 пријавувања. Тоа е само за почеток, се надеваме дека бројката ќе се зголеми.“ 

Серхат Кула појасни дека како Институт „Јунус Емре“ е дадена поддршка во процесот на формирање на Клубот за турско стрелаштво во Скопје, а воедно информира дека курсевите по стрелаштво ќе се водат од страна на 9 инструктори за стрелање и ќе траат 2 месеци.

Освен тоа, во рамките на свечената програма за отворање на курсот по традиционално турско стрелаштво во „Куршунлу Ан“ беше отворена и изложба за историјата на турското стрелаштво.

 



Слични вести