Дали знаете дека Самовилските оџаци за прв пат беа претставени во 1712 година во Франција?

Всушност за прв пат од карпестите куќи (куќите вдлабени во карпи) во Кападокија се говори во делото по име „Животот на Свети Хиерон“ коешто било напишано во 600-тата година од новата ера

1597442
Дали знаете дека Самовилските оџаци за прв пат беа претставени во 1712 година во Франција?

Дали знаете дека Самовилските оџаци за прв пат беа претставени во 1712 година со нивно афирмирање во Франција?

Всушност за прв пат од карпестите куќи (куќите вдлабени во карпи) во Кападокија се говори во делото по име „Животот на Свети Хиерон“ коешто било напишано во 600-тата година од новата ера.

Францускиот патеписец-авантурист Пол Лукас пак, во 18-от век со караван ја прошетал Анадолија, во писмото што го напишал до францускиот дворец во врска со Самовилските оџаци (интересните конусни облици) вели дека „тоа се најизвонредните (најчудесните) работи коишто би можел да ги види човек со свое око“.

Пол Лукас откако се вратил во својата земја своите патни белешки во 1712 година ги објавил во Париз во два тома во вид на патешествие. Во своето дело сето она што го видел во областа Кападокија со додавање малку и на својата моќ на имагинација (замисла) го опишува со начин на раскажување со прилично огромно преувеличување.

Откако патешествието било објавено не било оценето за убедливо и станало причина за големи дискусии кај европската јавност. Дури со цел да го потврдат она што е  напишано, најпрвин францускиот посланик, а потоа и британскиот посланик, ја посетиле областа за да го увидат сето тоа на лице место по што на тој начин било потврдено она што го напишал патеписецот-авантурист Пол Лукас.

По Пол Лукас, европските патеписци во 19-от век почнале да доаѓаат во областа Кападокија за реализирање на истражувања повеќе со научни цели и притоа не можеле да ја сокријат својата зачуденост пред овие различни, чудни геолошки структури т.е. облици наречени Самовилски оџаци.

Самовилските оџаци коишто му биле претставени на светот т.е. биле афирмирани во светот во првата половина на 1700-тите години сеуште продолжуваат да ги привлекуваат ентузијастите (заинтерсираните посетители) кои живеат насекаде низ светот.

 



Слични вести