8-ми март се одбележува со песната и видео спотот „Жена значи“

Жената значи живот, љубов. Жената значи труд и надеж, чест и гордост.

1596944
8-ми март се одбележува со песната и видео спотот „Жена значи“

8 март, Меѓународниот ден на жената беше одбележан со песната и клипот „Жена значи“ подготвен од Дирекцијата за комуникации при претседателството.

Директорот на Дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, по повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената  од својот профил на социјалните мрежи празникот на жената им го честита со видео спотот што беше подготвен за овој дене и рече: "Жената значи живот, љубов. Жена значи труд и надеж, чест и гордост. Среќен 8-ми март, Меѓународниот ден на жената“.

Во песната и видео спотот „Жената значи“, се потенцира на местото на жените во семејниот и социјалниот живот и вредноста што тие ја додаваат на секој аспект во животот од вчера до денес.

На видео спотот на кој се раскажува приказната за жените од војната за независност до 15 јули (обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација во 2016 година), од мајките во Дијарбакир и борбата против коронавирусот, започнува со слики на жени кои носат куршуми на фронтот на борбата за независност.

Спотот опфаќа и слики на жени кои ги изгубиле своите роднини, се спротивставија на тенковите во обидот за воен удар на 15 јули, жените во Дијарбакир кои чекале и дежурале да им се вратат децата, и учествувале во борбата против коронавирусот.

На видео спотот се наоѓа и снимка на госпоѓа д-р Озлем Туреџи  која е основачки партнер на германската биотехнолошка компанија BioNTech, која ја разви вакцината против Ковид-19, а исто така содржи и портрети на успешни жени од различни сегменти на општеството, од образование до уметност, наука до здравство, спорт до земјоделство, право до одбрана и безбедност.

Текстот на песната „Жена значи“ чиј автор е д-р Хусејин Балканџи,  а музиката ја подготви Јуџел Арзен гласи:

„Ние жените сме тие без кои не се може / нашиот товар е најтешкиот товар на светот / Историјата ја напишавме со нашите раце / Ние сме ферманот што ја прави земјата татковина.

Една половина ни е љубов, а другата половина мајка / Во рајот испративме низа Омери и Фетхии / низа Џанови (души) со Озлем (копнеж) трчаа на должност / Ние сме лекот што ја лекува душата (го решава проблемот).

Живот ... Живот ... Што е животот? / Значи жена! / Што е труд, страдање, надеж? / Значи жена! / Што е сонце, пролет, милосност? / Глава исправена како единица; не може да се наведне / Значи чест! / Нејзината глава стои цврсто исправена како единица, неуништива е / Таа значи гордост!

Ние сме бои што го осмислуваат животот / Сјаеме радост, криеме тага / Прво татковина велиме, потоа душа / Ние сме тие што и на знамињата им даваме душа.

Дали ќе имаше уметност да не бевме ние? / Да не бевме тајна што ја возбудува инспирацијата / Да не бевме око што го запира времето / Ние сме тие што сонот го претвораме во љубов“.



Слични вести