Турција силно го осуди терористичкиот напад во сомалискиот главен град Могадишу

МНР на Турција објави писмено соопштение во кое силно го осуди реализираниот терористички напад во Могадишу-Сомалија во кој кој животите ги загубија повеќе од 20 лица меѓу кои има и припадници на безбедносните сили, а повеќе од 30 лица се ранети

1596113
Турција силно го осуди терористичкиот напад во сомалискиот главен град Могадишу

Турција го осуди реализираниот терористички напад во Сомалија и го објави следното соопштение: „Уште еднаш нагласуваме дека ќе продолжиме да стоиме покрај пријателскиот и братски сомалиски народ, во неговата борба против тероризмот.“

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за реализираниот терористички напад со возило бомба вчера во вечерните часови пред еден ресторан во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој животите ги загубија повеќе од 20 лица меѓу кои има и припадници на безбедносните сили, а повеќе од 30 лица се ранети.

„Силно го осудуваме овој грозен терористички напад. Го доставуваме нашето сочувство до народот и владата на братскиот сомалиски народ, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување. Уште еднаш нагласуваме дека ќе продолжиме да стоиме покрај пријателскиот и братски сомалиски народ, во неговата борба против тероризмот.“ - стои во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести