Познати добитниците на годинашните награди „Златна мечка“ на 71. Берлинале

Филмовите кои добија награди на 71. Меѓународен филмски фетивал во Берлин (Берлиналето) на кој се натпреваруваа 15 филма се соопштени преку интернет на страницата на Берлиналето

1596032
Познати добитниците на годинашните награди „Златна мечка“ на 71. Берлинале

Заврши првиот дел од 71. Меѓународен филмски фетивал во Берлин (Берлиналето) од 1 до 5 март во онлајн средина којшто оваа година поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржува во два дела.

Филмовите кои добија награди на фестивалот на кој се натпреваруваа 15 филма се соопштени преку интернет на страницата на Берлиналето. 

Наградата „Златна мечка“ во категоријата за најдобар филм на годинашното 71. Берлинале ја доби филмот „Bad Luck Banging or Loony Porn“ (Со среќа дупење или улаво порно) на романскиот режисер Раду Жуд.

Во категоријата за Големата награда на жирито „Сребрена мечка“ доби филмот „Wheel of Fortune and Fantasy“ (Тркало на среќата и фантазијата) на јапонскиот режисер Рјусуке Хамагучи, а во категоријата за најдобар режисер со „Сребрена мечка“ е награден филмот „Natural Light“ (Природна светлина) на унгарскиот режисер Денес Наѓ.

Оваа година за прв пат актерските награди на Берлиналето (берлинскиот меѓународен филмски фестивал) се доделуваат со полова неутралност, без правење разлика меѓу машки и женски актери.

Така „Сребрена мечка“ за најдобра главна улога доби германската актерка Марен Егерт за улогата во филмот „Ich bin dein Mensch“ (Јас сум твојот човек) на режисерката Марија Шредер.

Во категоријата за најдобра споредна улога „Сребрена мечка“ доби унгарската актерка Лила Кизлингер со нејзиниот перформанс во филмот „Rengeteg-mindenhol latlak“ (Шума-те гледам секаде).

„Сребрена мечка“ за најдобро сценарио доби јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу со филмот „Introduction“ (Увод).

Вториот дел на 71. Берлинале (Меѓународниот филмски фетивал во Берлин) ќе се одржи од 9 до 20 јуни.

Овој дел од годинашниот фестивал ќе биде отворен за гледачите и во овој дел ќе се одржи и церемонијата на која ќе бидат доделени наградите „Златна мечка“ и „Сребрена мечка“. 

Жирито се состои од режисерите на филмовите кои во претходното Берлинале беа добитници на наградата „Златна мечка“.

Еве ги категориите и добитниците на награди на годинашното 71. Берлинале:

Најдобар филм (Златна мечка): Раду Жуд / „Со среќа дупење или улаво порно“ (Bad Luck Banging or Loony Porn)

Голема награда на жирито: Рјусуке Хамагучи / „Тркало на среќата и фантазијата“ (Wheel of Fortune and Fantasy)

Најдобар режисер: Денес Наѓ / „Природна светлина“ (Natural Light)

Најдобра главна улога: Марен Егерт / „Јас сум твојот човек“ (Ich bin dein Mensch)

Најдобра споредна улога: Лила Кизлингер / „Шума-те гледам секаде“ (Rengeteg-mindenhol latlak)

Најдобро сценарио: Хонг Сангсу / „Увод“ (Introdaction)

Најдобар уметнички перформанс: Јибран Асуад / „Еден полицаец“ (Una pelicula de policias)

Најдобар краток филм (Златна мечка): Нану Тудор / „Мојот чичко Тудор“ (My Uncle Tudor)

 



Слични вести