Поднесено барање до УНЕСКО езерото Салда да биде прогласено за светско природно наследство

Во поднесеното барање до УНЕСКО од страна на Здружението за заштита на езерото Салда се подвлекува дека треба да се заштити Салда и се укажува дека ова езеро е значајно од еколошки и научен аспект

1593125
Поднесено барање до УНЕСКО езерото Салда да биде прогласено за светско природно наследство

Поднесено е барање до Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и Култура (УНЕСКО) езерото Салда во населеното место Јешилова кај градот Бурдур, да биде прогласено за светско природно наследство.

Во поднесеното барање од страна на Здружението за заштита на езерото Салда се подвлекува дека треба да се заштити Салда и се укажува дека ова езеро е значајно од еколошки и научен аспект.

Во испратената молба до УНЕСКО се нагласува значењето коешто му се придава на езерото Салда од страна на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) и научниците, им се одделува место на прашања како што се сличноста на езерото со кратерот „Језеро“ на планетата Марс и се појаснува дека во езерото сеуште продолжува формирањето на едноклеточните организми како наједноставни облици на живот.

Освен тоа се потсетува дека во езерото Салда покрај еколошкото богатство има 301 вид водни и копнени растителни видови коишто се утврдени со извршените истражувања во 2013 година од кои два вида се ендемски, а воедно од 110 видови птици во областа 75 видови се ставени под заштита во склопот на Конвенцијата од Берн (за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа од 1979 година).
 



Слични вести