Дали знаете дека заврши реставрацијата на Музејот Ајасофија во Трабзон и во 2020 година повторно е отворен за посета?

Музејот Ајасофија во градот Трабзон е манастирска црква која била изградена помеѓу 1250 и 1260 година и е едниот од најубавите примери на младите византиски цркви

1592618
Дали знаете дека заврши реставрацијата на Музејот Ајасофија во Трабзон и во 2020 година повторно е отворен за посета?

Дали знаете дека заврши реставрацијата на Музејот Ајасофија кој се наоѓа во Трабзон и дека во 2020 година повторно е отворен за посета?

Музејот Ајасофија во градот Трабзон е манастирска црква која била изградена помеѓу 1250 и 1260 година. Ајасофија како еден од најубавите примери на младите византиски цркви, го зачувала своето значење и по освојувањето на областа од страна на Османлиите во 1461 година, а во 1670 година по потреба била преуредена во џамија.

Во годините на Првата светска војна Ајасофија била користена како магацин и болница, а во понатамошните години повторно како џамија. Помеѓу 1958 и 1962 година била реставрирана и во 1964 година била отворена како музеј.

Ајасофија, освен тоа што располага со историска вредност ја зачувува својата вредност и денеска како неспоредлив (уникатен) споменик и од аспект на историјата на уметноста.

Како последно е реставрирана во периодот помеѓу 2018 и 2020 година и во јуни 2020 година повторно е отворена за посета, така што и покрај периодот на пандемијата пречекува голем број посетители.



Слични вести