Големо интересирање за турските стипендии на ЈТБ

Заврши рокот на аплицирање за стипендиите на Турција на ЈТБ

1591161
Големо интересирање за турските стипендии на ЈТБ

Турските стипендии на Дирекцијата на Турците во странство и роднинските заедници (ЈТБ) за 2021 година, која на студентите светот им нуди можност за високо образование, продолжува да буди голем интерес кај меѓународните студенти.

Според писменото соопштение кое беше објавено од ЈТБ, процесот на аплицирање за турските стипендии кој започна на 10 јануари, заврши на 20 февруари.

Оваа година 165 илјади 511 меѓународни студенти од 178 земји во светот аплицираа да студираат во Турција за да бидат примени на постдипломски и докторски студии.

Успешните кандидати кои ќе ги поминат интервјуата со академицие и експертите ЈТБ, ќе се стекнат со право да бидат стипендисти на универзитетите во Турција.

Директорот на Дирекцијата на Турците во странство и роднинските заедници (ЈТБ) Абдулах Ерен, во објавата преку профилот на социјалните медиуми во врска со завршувањето на рокот за апликација на пет јазици рече:

„Заврши апликацијата за најопфатната светска програма за стипендии за меѓународни студенти на Турција, која нуди високо образование во Турција.

Ерен посочи на интензивниот интерес и рекордните апликации од целиот свет за програмата за стипендии, потенцирајќи:

„Им се заблагодарувам на сите што покажаа интерес за овогодишните стипендии на Турција чија бројка достигна 165 илјади 511 меѓународни студенти од 178 земји во светот“.



Слични вести