Чавушоглу во Унгарија прими 412 историски артефакти
Во рамкте на пртресот на едно возило на царината беа пронајдени 412 историски артефакти од мермерна глава на статуа, мермерна фигурина, метални, дрвени и камени остатоци и монети од римскиот период






Турција ги прими 412 историски артефакти кои беа пред 6 години фатени на царина во Унгарија.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рамките на официјалната посета на Унгарија оствари средба со неговиот колега Питер Сијарто.
На билатералната средба беше реализирано изложувањето и испораката на историските артефакти запленети во Унгарија.
Чавушоглу, во својата објава што ја сподели на Твитер во врска со ова прашање истакна:
„Во името на нашата нација ги примив историските артефакти од анадолско потекло, запленети во Унгарија во 2015 година, кои ќе му ги пренесам на нашиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. И благодариме на пријателска Унгарија за поддршката во овој процес.
При претресот извршен од унгарските безбедносни единици пред околу 6 години на едно возило, беа пронајдени 412 историски артефакти од мермерна глава на статуа, мермерна фигурина, метални, дрвени и камени остатоци и монети од римскиот период.
По иницијативата на Министерството за култура и туризам започна процесот на враќање на историските артефакти во Турција.
Историските артефакти ќе бидат изложени во Музејот на анадолските цивилизации во главниот град Анкара.