„YTB“ ќе организира „Онлајн програма за едукација за човекови права“

На младите кои живеат во странство ќе им се дава теоретска едукација за човековите права, дискриминација, кривични дела од омраза, како и за структурата и функционирањето на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и релевантни меѓународни организации

1589969
„YTB“ ќе организира „Онлајн програма за едукација за човекови права“

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ или YTB) ќе организира „Онлајн програма за едукација за човекови права“ наменета за турските граѓани во странство и студентите носители на сини картони.

Во објавеното од „YTB“ се истакнува дека благодарение на програмата што ќе се одржи на 29 и 31 март, младите кои живеат во странство ќе им се дава теоретска едукација во однос на прашања како што се човековите права, дискриминацијата, кривичните дела од омраза, како и структурата и функционирањето на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и релевантни меѓународни организации.

Во соопштението се вели дека за програмата којашто ќе се спроведе на турски јазик можат да аплицираат турски државјани на 30 и под 30 години кои престојуваат во странство или студенти кои се носители на сини картони, студенти на додипломски студии од трета и четврта година кои студираат во сферите на социјалните науки и дипломирани студенти и постдипломски студенти.

Крајниот рок за пријавување (аплицирање) на програмата е 14 март.

 



Слични вести