Дигитални дискусии од „TRT World Forum“ на тема „Глобалната пандемија и вакцина-дипломатијата“
Сесијата којашто ќе започне вечерва во 20:00 часот по турско време ќе може да се следи во живо на профилите на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) и „TRT World Citizen“ (ТРТ Ворлд Цитизен) преку социјалните медиуми

Во серијата „Дигитални дискусии“ коишто се организираат од страна на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) под насловот „Новите динамики во глобалниот поредок“ ќе се разговара на тема „Глобалната пандемија и вакцина-дипломатијата“.
Според објавеното соопштение од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ), модератор на седницата што ќе се организира во соработка со „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) и „TRT World Citizen“ (ТРТ Ворлд Цитизен) ќе биде професорот на катедрата за социологија при Универзитетот Мармара и искусниот член на Центарот за истражување на ТРТ Ворлд Талип Ќучукџан.
На сесијата на која ќе се дискутира за влијанијата на Ковид-19 над глобалното народно здравје, освен тоа ќе се разговара и за појавата на вакцина-дипломатијата, вакцина-национализмот и резултатите од конкуренцијата во врска со вакцините, ќе имаат свои излагања координаторот на проектот за здравствена безбедност во Турција на Светската здравствена организација (СЗО) д-р Иршад Али Шаик, искусниот клинички професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Ексетер Бхарат Панкханиа и заменик директорот на Центарот за контрола и спречување на болести на Африка Ахмед Огвел Оума.
Сесијата којашто ќе започне вечерва во 20:00 часот по турско време ќе може да се следи во живо на профилите на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) и „TRT World Citizen“ (ТРТ Ворлд Цитизен) преку социјалните медиуми.
Слични вести

19 мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Празник на младоста и спортот се слави со голема радост
103 години како гори факелот што го запали Ататурк во Самсун на 19 мај 1919 година