Дали знаете дека првиот роман на Јашар Кемал „Инџе Мемед“ го прочу своето име во целиот свет?

„Инџе Мемед“ е првиот роман на познатиот турски книжевник и писател романописец Јашар Кемал кој е издаден во 1955 годинаи се оценува како ремек дело на писателот

1588823
Дали знаете дека првиот роман на Јашар Кемал „Инџе Мемед“ го прочу своето име во целиот свет?

Дали знаете дека првиот роман на Јашар Кемал „Инџе Мемед“ го прочу своето име во целиот свет?

„Инџе Мемед“ е првиот роман на познатиот турски книжевник и писател романописец Јашар Кемал.

„Инџе Мемед“ кој е издаден во 1955 година се оценува како ремек дело на писателот. Во романот се раскажува за борбата на селаните кои живеат во јужна Анадолија против агата во селото.

Романот во 1957 година најпрвин е преведен на бугарски јазик, а потоа од страна на познатиот турски писател Назим Хикмет во 1959 година е преведен и на руски јазик. Романот „Инџе Мемед“ во 1961 година е преведен на англиски и француски, по што беше отпечатен во Англија, САД, Франција и Италија.

Во понатамошните години следеа преводите на „Инџе Мемед“ на германски и шпански јазик, додека до денеска е преведен на повеќе од 41 јазик.

Романот „Инџе Мемед“ во 1984 година од страна на англискиот актер, автор и режисер Петер Устинов е адаптиран на белото платно со филмот по име „Memed, My Hawk“ (Мемед мој јастребе). Сценариото на филмот исто така е напишано од страна на режисерот Петер Устинов кој истовремено настапува и во улога на  агата на селото, Абди Ага.

Филмот чија музика е компонирана од страна на грчкиот композитор Манос Хаџидакис е познат и по името „The Lion and the Hawk“ (Лав и Јастреб).



Слични вести