Уште 412 историски експонати ќе и бидат вратени на Турција

Историските експонати за коишто е обезбедено да бидат вратени од Унгарија на 25 февруари ќе му бидат предадени со церемонија на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој на тој датум ќе престојува во официјална посета на Унгарија

1587372
Уште 412 историски експонати ќе и бидат вратени на Турција

Во рамките на работите коишто се водат од страна на Министерството за култура и туризам во борбата против криумчарењето на историски експонати, идната недела ќе бидат донесени во Турција уште 412 експонати.

Според објавеното соопштение од Министерството, историските експонати за коишто е обезбедено да бидат вратени од Унгарија на 25 февруари ќе му бидат предадени со церемонија на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој на тој датум ќе престојува во официјална посета на Унгарија. 

Министерот Чавушоглу историските експонати ќе ги прими од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Експонатите составени од глава на статуа од мермер од римскиот период, мермерна фигурина, метални, дрвени и камени пронајдоци и монети ќе му бидат предадени на Министерството за култура и туризам.

Ова историско наследство ќе се изложува во Музејот на Анадолските цивилизации.

Историските експонати коишто се во својство на Мали културни пронајдоци беа откриени во царината на Унгарија во 2015 година.

 



Слични вести