Најстарата ДНК на светот откриена од мамутски заб
Од добиените примероци беше утврдено дека најстариот остаток на ДНК е стар 1,2 милиони години

Најстарата ДНК на светот е извадена од мамутски заб пронајден во Сибир.
Мамутскиот заб кој беше изваден во заедничка соработка на руски и шведски научници на островот Врангел во северен Сибир, беше подложен на разни тестови.
Од добиените примероци беше утврдено дека најстариот остаток на ДНК е стар 1,2 милиони години. Ова покажа дека изумреното животно, за кое се знаеше дека живеело пред 4.000 години, е многу постаро отколку што се очекуваше.
Истражувачите користеле три различни методи за да ги осигурат податоците за возраста на ДНК.
Во различни делови на светот постојат многу остатоци од мамути. Меѓутоа, бидејќи добиените примероци ја немаат потребната целосна низа на хромозоми, не дозволува овие животни да се клонираат од слонови.
Поради тоа, научниците повеќе се фокусираат на разбирање на односите помеѓу различните видови мамути и како напредува еволутивниот процес.
Слични вести

Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов
Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња