Дали знаете дека градот Ескишехир се наоѓа на осмото место меѓу најбезбедните градови на светот во 2020 година?

Светски познатата компанија за истражување „Нумбео“ го соопшти списокот со најбезбедните градови на светот во 2020 година којшто инаку го подготвува редовно секоја година

1585121
Дали знаете дека градот Ескишехир се наоѓа на осмото место меѓу најбезбедните градови на светот во 2020 година?

Дали знаете дека градот Ескишехир се наоѓа на осмото место меѓу најбезбедните градови на светот во 2020 година?

Светски познатата компанија за истражување „Нумбео“ го соопшти списокот со најбезбедните градови на светот во 2020 година којшто инаку го подготвува редовно секоја година.

Меѓу првите десет градови на списокот, се наоѓа и градот Ескишехир кој зазема место во централно-анадолската област.

Списокот со најбезбедни градови во 2020 година којшто се подготвува секоја година од страна на „Нумбео“, се подготвува според процентот на кривичи дела во градовите што се добива од безбедносните служби на земјите.

Во извештајот во кој се вреднувани 431 град во светот, градот Ескишехир искачувајќи се за 41. место погоре во последните три години, во 2020 година се најде на осмо место.

Освен тоа на списокот на најбезбедни градови на светот во 2020 година се наоѓаат и други градови од Турција и тоа, Анталија на 61. место, Бурса на 74. , Измир на 77., главниот град Анкара на 83. и Истанбул на 263. место.



Слични вести