Дали знаете дека 73 отсто од резервите на бор во светот се наоѓаат во Турција?

Елементот бор којшто се користи во повеќе од 400 сфери во десетици различни сектори различни еден од друг, се наоѓа меѓу најзначајните рударски богатства на Турција

1583353
Дали знаете дека 73 отсто од резервите на бор во светот се наоѓаат во Турција?

Дали знаете дека 73 отсто од резервите на бор во светот се наоѓаат во Турција?

И покрај тоа што не постојат точни информации во врска со тоа кога е пронајден борот во Турција за којшто се знае дека 4 илјади години како го има во светот, истражувањата во врска со борот се протегаат до 1800-тите години.

Елементот бор којшто се користи во повеќе од 400 сфери во десетици различни сектори различни еден од друг, се наоѓа меѓу најзначајните рударски богатства на Турција. Се користи во голем број сектори од одбранбената индустрија до секторот на стакло, од керамиката до земјоделството и до производите за чистење. Од бор се произведува дури и суровината на некои материјали коишто се користат во нуклеарните реактори. Затоа за борот се вели дека е руда на иднината.

Ползите на борот не завршуваат со броење. Освен тоа што може да се користи во голем број сфери на индустријата, тоа што е еколошки елемент го зголемува уште повеќе и значењето на борот.

И покрај тоа што рудата бор се вади и во Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, резервите со бор на Турција се во состојба да можат да го хранат, односно да ги обезбедуваат потребите на светот приближно околу 400-500 години. Тоа претставува богатство коешто го нема во ниту една друга земја.



Слични вести