Почнуваат годинашните програми „Дигитални дискусии“ на ТРТ Ворлд Форум

Серијата „Дигитални дискусии“ на ТРТ Ворлд Форум оваа година ќе продолжи да се одржува под наслови „Новите динамики во глобалниот поредок“ и „По изминати 10 години од Арапската пролет: Рефлексиите на минатото и предивидувањата во однос на иднината“

1580996
Почнуваат годинашните програми „Дигитални дискусии“ на ТРТ Ворлд Форум

Вечерва со сесијата „Либиската граѓанска војна“ почнува првата програма од серијата програми „Дигитални дискусии“ во организација на ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum), а со цел барање на решенија за културните, политичките, економските и социјалните проблеми.

Според објавеното соопштение од Турската радио и телевизија (ТРТ), серијата „Дигитални дискусии“ од кои првата беше започната минатата година оваа година ќе продолжи да се одржува под наслови како што се „Новите динамики во глобалниот поредок“ и „По изминати 10 години од Арапската пролет: Рефлексиите на минатото и предивидувањата во однос на иднината“.

Онлајн семинарите коишто ќе се одржат секој месец со учество на излагачи експерти ќе можат да се следат во живо преку сметките на ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) на каналот Јутјуб, Фејсбук и Твитер.

Во склопот на дискусијата „По изминати 10 години од Арапската пролет: Рефлексиите на минатото и предивидувањата во однос на иднината“ ќе се дискутира за динамиките на Арапските земји на 10-годишнината од револуциите коишто влијаеја на поголемиот дел од Арапскиот свет, тешкотиите коишто ги доживуваат општествата и очекувањата во иднина. 

Во серијата „Новите динамики во глобалниот поредок“ пак, ќе се дискутира за неизвесностите предизвикани од променливиот светски поредок и иднината на меѓународните односи на моќ.

Гости т.е. излагачи во првата програма којашто ќе започне вечерва во 20:00 часот по турско време со сесијата под наслов „Либиската граѓанска војна“ ќе бидат лидерот на Либиската партија „Taghyeer“ Гума ал-Гамати, професорот за политички науки и меѓународни односи на Американскиот Универзитет Вилиам Лавренс и директорот на Институтот Садек Анас ал-Гомати.

 



Слични вести